2.8 C
Скопје
23:46 - 11 март, 2026

Платинум јубилеј: Еве кога ќе ги видиме Хари и Меган во Лондон

Војводите од Сасекс нема да бидат на балконот на Бакингемската палата на 2 јуни, туку ќе присуствуваат на богослужбата следниот ден во катедралата. И за прв пат по години тие ќе се соочат лице в лице со целото кралско семејство, дознава Дејли Мејл.

Меган и Хари нема да бидат на балконот на Бакингемската палата на настанот Trooping the Color, туку ќе присуствуваат на службата за Денот на благодарноста во петок на 3 јуни во катедралата Свети Павле во Лондон. И за прв пат по повеќе од две години и стотици отровни зборови изговорени против кралското семејство, принцот Хари и Меган Маркл ќе се соочат лице в лице со целото семејство Виндзор.

Од мај пред четири години, војводите повеќе не се сретнале со сите членови на кралското семејство а не присуствуваа ни на важни настани вклучувајќи го и последниот по хронолошки редослед, комеморацијата по смртта на принцот Филип.

Хари и Меган стапнаа заедно на британска почва – непосредно пред Велигден, на пат кон холандските игри Invictus, кога поминаа да ја поздрават кралицата. На средбата присуствувал и принцот Чарлс. Но дури сега, кога ќе пристигнат во Лондон по повод јубилејот за прв пат повторно ќе ги видат Кејт и Вилијам, од Мегксит.

Последната фотографија на која Меган и Хари во друштво на Вилијам и Кејт се појавуваат заедно датира од март 2020 година, на службата за Денот на Комонвелтот. Потоа Хари и Меган го напуштија Лондон и кралското семејство, а двајцата браќа и двете снаи ниеднаш не се сретнаа во текот на полни две години. Две тешки години во кои нивните врски речиси се распаднаа.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....