06:43 - 4 април, 2026

Пике во јавен конфликт со новинарот кој ја брани Шакира: „Дали девојкати носи рогови?…“

Жерар Пике беше под голем притисок во последните месеци и уште повеќе откако се врати во центарот на вниманието по објавувањето на песната што Шакира му ја посвети.

Поранешниот фудбалер стана центар на вниманието на медиумите и папараците, нешто што понекогаш го тера да го губи трпението, како што се случи со шпанскиот новинар Жорди Мартин, кој откри некои детали од животот на Каталонецот и отворено ја покажа својата поддршка за Шакира.

Мартин неодамна јавно објави дека Пике многу внимателно го следи на социјалните мрежи.

„Мојот најдобар пријател ме гледа“, напиша Мартин.

Одговорот на поранешниот играч на Барселона не се чекаше долго и ѝ остави контроверзна порака: „Престани да се дрогираш. Кокаинот е многу штетен“.

На одговорот на Пике реагираше и Мартин, иако на крајот го избриша. Тоа што го кажа немаше да му се допадна на Каталонецот.

„Не те тагнувам а реагираш. Постојано ги гледаш моите „приказни“, те мрази половина свет и ми одговараш само со нешто со што не треба да се занимаваш“, напишал Мартин.

„Можеби има нешто што те загрижува и не сакаш да излезе во јавност? Дали твојата девојка носи (емотикон со рогови – што имплицира на неверство)? Ај, ај, ај…“, додава новинарот.

Не знаеме дали војната меѓу двајцата ќе продолжи на социјалните мрежи, но во меѓувреме се чини дека Пике е фокусиран на новата врска со Клара Чиа, со која не се двоуми да се појави во јавноста.

Всушност, тој тоа го официјализираше во својата последна објава на Инстаграм со фоографија од нив двајца.

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....