6.8 C
Скопје
09:51 - 21 февруари, 2026

Пике се скарал со родителите: причината е новата девојка со која веќе се запознале

По раскинувањето со Шакира, фудбалерот на Барселона минува низ комплицирани денови со својата мајка и татко, а вистинска кавга настанала по веста за јавното излегување со новата девојка. 

Ова е навистина многу тежок период за Жерар Пике. Фудбалерот не само што се уште не постигнал договор со Шакира за неговите деца Милан и Саша, туку се скарал и со родителите.

Причината? На мајката и таткото на дефанзивецот не им се допаднала новата врска на спортистот со младата Клара Чиа Марти. Клара веќе се се запознала со новите свекор и свекрва, но средбата не поминала на најдобар начин, пишува „кориере дело спорт“.

За повеќе од една деценија, родителите на Пике споделуваа многу со Шакира, а мајката на фудбалерот беше единствената пријателка на пејачката во Барселона, известуваат шпанските медиуми и покрај гласините во минатото дека Шакира и мајката на Пике не се согласувале баш најдобро.

Сепак, како што најново известуваат медиумите (од Шпанија и Италија), родителите на Пике не ја одобриле воопшто врската со Клара и му предложиле на синот во овој период од животот извесно време да не се гледа со други жени.

Инаку, Клара Чиа Марти има 23 години и работела како организатор на настани во Космос Глобал Холдинг SL, инвестициска компанија основана од Пике во 2017 година. Очигледно меѓу двајцата се родила вистинска љубов на прв поглед што потоа го донела поранешниот спортски партнер на Меси да ја напушти Шакира по дванаесет години заеднички живот и две заеднички деца.

(Фото) Први заеднички фотографии на Жерар Пике и Клара Чиа Марти (кои ја налутија Шакира)

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....