9.8 C
Скопје
21:22 - 12 април, 2025

Партнерката на Роберт де Ниро искрено за вљубувањето: Еден филм ѝ го сменил животот

Девојката на американскиот актер Роберт де Ниро раскажа како се заљубиле. Тифани Чен (45) искрено зборуваше во ексклузивното интервју за CBS Mornings.

Свршеницата на ѕвездата од филмот „Таксист“ призна дека таа и 79-годишниот Роберт Де Ниро се заљубиле откако се сретнале на снимањето на филмот „Практикант“ со Ен Хатавеј во главната улога.

Роберт де Ниро и тренерот за боречки вештини беспрекорно „еволуираа“ во пар по средбата на сетот на филмот во 2015 година.

Двојката на почетокот, по краток период на забавување, се раздели, но потоа – по неколку години – пак романтично се поврзаа.

„Кога работевме, тоа беше само работа“, открива таа.

„И потоа неколку години подоцна се сретнавме и јас реков: „Ох, мислам дека се разбираме и дека сме складни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chubutparatodos (@chubutparatodos)

Чен (45) имаше мала улога како таи чи инструкторка во филмот со Де Ниро, „Практикант“ (The Intern). За време на снимањето, Де Ниро сè уште беше со својата втора сопруга Грејс Хајтауер, но тие се разведоа во 2018 година.

Во екслузивното интервју таа раскажа и како тешко го поднела породувањето соочувајќи се со парализа на лицето.

Во мај 2023 година, се дозна дека Чен го роди нејзиното прво дете, а седмото дете на актерот, ќерката Џију.

Слични објави

(Видео) Маја Николиќ ја обои лонгетата во црвена боја: Вака го поминувам 50-тиот роденден!

Еспресо

„Се плашев…“: Тања Савиќ откри каков бил почетокот на нејзината врска со 11 години помладиот дечко

Еспресо

„Бев млада и луда“: Српската пејачка Тина Ивановиќ ги извади силиконите и сега е целосно природна!

Еспресо

(Видео) Милијардер потрошил 100.000 евра на Теа Таировиќ! Пејачката со својот жежок танц го „запали“ Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Риби, изразете му љубов на партнерот, Водолии, соработувајте со колегите!

Еспресо

Јована Јеремиќ призна колку е љубоморна во врската: Водителката ги прозва бившите на Драган

Еспресо