7.8 C
Скопје
22:44 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) ПАНИКА НА МЕГА-КОНЦЕРОТ HOMECOMING ВО ЊУЈОРК: Сите брзо дома, доаѓа ураган од прв степен!

Макси концертот во Централ Парк беше прекинат поради влошување на временските услови во Њујорк, поврзани со пристигнувањето на ураганот Хенри на североисточниот брег на САД. Толпата од десетици илјади луѓе присутни на настанот била повикана веднаш да го напуштат паркот и да се засолнат од невремето.

Непосредно пред почетокот на концертот, градоначалникот Бил де Бласио прогласил вонредна состојба, но во исто време дал зелено светло за настанот.

Останале уште околу два часа до крајот на концертот, со настапи на најочекуваните sвезди како Брус Спрингстин, кога силен ветер и дожд го погодиле Менхетен.

Поради најавеното страшно влошување на временските услови, сите учесници на настанот биле известени дека мораат мирно да се упатат кон најблискиот излез и да го напуштат паркот. Полицијата, за да избегне панични сцени, нагласила дека не станува збор за итен случај.

Ураганот Хенри од првата категорија урагани, според метеоролозите треба да стигне до копното за неколку часа на североисточниот брег помеѓу регионот Њу Ингланд и Лонг Ајленд, непосредно пред Њујорк. Максимална тревога има и во Бостон.

Инаку, вчерашниот мега-концерт беше организиран со цел да промовира здравје, безбедност и еднаквост, но истовремено требаше да биде и прослава „на враќањето на Њујорк“ по предизвикувачките 17 месеци обележани со пандемијата Ковид-19.  Некои од најголемите музички имиња настапија на Големиот тревник во иконскиот Централ парк во Њујорјк под слоганот „Враќање дома“ пред вакцинираната публика од 60.000 луѓе.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....