22:48 - 22 декември, 2024

ПАЛМИТЕ – УБАВИЦИ ВО ЗЛОКУЌАНИ, ВО ДВОРОТ НА ЕЛЕОНОРА: Семките ги носи од море, сама ги „зафаќа“

Наша денешна соговорничка е Елеонора Тодоровска, која работи во Геријатрија, „Мајка Тереза“.  Цвеќето, односно градината е нејзина втора љубов, а околу уредувањето е лично таа одговорна. Преубавиот двор на Елеонора се простира на околу 250 квадратни метри, а се наоѓа во скопската населба Злокуќани. 

– Најголема љубов ми се палмите кои сама си ги „зафаќав“. Имам бројни разновидни цвеќиња, некои купени, но повеќето од нив сама ги „зафаќам“, и со помош на мојата мајка – ни вели Елеонора.
Елеонора најмногу ги сака тропските растенија, односно палмите, но како што вели, премногу ги сака и хризантемите зашто сега, во текот на есента, најмногу доминираат со својот раскош и разнобојна убавина.
– А зошто ми се најубави? Затоа што израснав на море и веројатно оттаму ја имам добиено таа љубов кон нив, и секако, секогаш си носам семки и си ги „зафаќам“ – ни објаснува нашата соговорничка.
Разговорот ни продолжува во насока на негата на цвеќе. Елеонора смета дека во текот на летото цвеќињата бараат повеќе нега, меѓутоа љубовта кон цвеќето воопшто, си прави тоа да не ѝ претставува никаков проблем ниту тежина. Па така, по работното време и домашните обврски, таа останатото време го посветува на своите убавици.
Палмите и бананите се веќе заштитени од мразот за да преживеат догодина, а хризантемите откако ќе расцветаат, им се сечат сувите гранки и напролет повторно си излегуваат. Ист е и случајот со хостите, напролет, повторно си излегуваат сами. Кога станува збор пак, за сукулентите, како што се чуварот на куќа и камениот цвет, и тие презимуваат надвор, освен агавата која се внесува внатре заедно со останатите што не можат да презимат ако не се вдомени.
– Берберисот е исто така отпорен на зимата, од него имам и црвен и жолт. Во текот на зимата му паѓаат ливчињата, но напролет повторно доминираат со својата убавина и не бараат многу нега, а го красат дворот – забележува Елеонора.
Ја прашуваме за совет кој би го споделила со оние кои допрва сакаат да почнат да се занимаваат со нега на цвеќе.
– Секој си има одредена љубов за секое цвеќе. Како што напоменав, мене најомилена ми е палмата зашто е едноставна и лесна за „зафаќање“, секоја палма се „зафаќа“ од семка, а кога одам на море оттаму си носам семки. Палмата не бара многу нега, само додека е мала, некоја година мора да расте во саксија и да се прибира внатре во текот на зимата – завршува Елеонора пренесуваќи порака секој да си го одбере своето омилено цвеќе и токму од него да почне со градинарство.
Специфични во дворот на Елеонора се и украсите кои додаваат посебен шарм на целата атмосфера. Некои се купени, но овие највпечатливите, црквичката, фонтаната и жардинериите од гума, се нејзино лично дело.

Инаку, Елеонора е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ВО ОВОЈ ПРЕУБАВ ДВОР НЕ УЖИВА САМО ЕЛЕОНОРА, ТУКУ ТАА ЧЕСТ ЈА ИМА И НЕЈЗИНИОТ ДОМАШЕН МИЛЕНИК, МАЛОТО КУЧЕНЦЕ БУБИ.
ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....