17.8 C
Скопје
16:16 - 23 октомври, 2026

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Петар Георгиевски-Камиказа, лидерот на „Меморија“, реагираше на коментарите на социјалните мрежи во пресрет на концертот на групата, закажан за 23 октомври.
Во објавата на Фејсбук, Камиказа се осврна на коментарите од оние кои прашувале дали ова ќе биде последен концерт на групата и зошто повторно се организира концерт по претходниот голем настап.
„Чудни некои луѓе, пак ли ова ќе ни бил последен концерт?! Да ги прашам, дали сем премиерата, тоест концертот на датумот што привилегираните имале прилика истиот да го доживеат и видат, имало шанса втор пат истиот да го видат?! Така и овој, ќе има премиера и нема да има реприза!!!“, напиша Камиказа.
Тој порача дека на концертот ќе дојдат оние кои сакаат да бидат дел од него, а се осврна и на негативните коментари.
„Кој сака да дојде, ќе дојде, тој што не сака и беспари да го пуштиме, нема да дојде, но ете некои решиле ‘зјан’ да ни прават!!! Се гледаме на 23 октомври, нормално тие што ќе дојдат и ќе уживаат во македонскиот музички ‘Времеплов’. Македонија вечна“, напиша Георгиевски.

„Меморија“ е еден од најдолговечните македонски рок-бендови, а Георгиевски е лидер и единствен постојан член на групата повеќе од четири децении. Годинава историјата на бендот беше претставена и преку изложбата „Времеплов, од црно-бело во боја“ во МКЦ, со фотографии, плочи, инструменти, награди и други архивски материјали од различните периоди на „Меморија“.

Слични објави

„Хранам галеб, гулаби и и мачка двапати дневно“: Дорис Драговиќ за приватниот живот

Е.А.

(Видео) Јелена Розга во најсекси издание досега! Поради еден детаљ, сите се прашуваат истото

Еспресо

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

„Нема да поверувате колкава е разликата во години меѓу Брена и Боба“ — овој детал речиси никој не го забележал низ годините

E.A.

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Еспресо

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.
Се вчитува....