12.8 C
Скопје
19:22 - 3 април, 2026

Ова ќе го стори Коки за Дуле, 12 години откако го напушти овој свет

Н 23 септември во 2014 година почина Душан Љубисављевиќ- Дуле, едната половина од штипското дуо Дуле и Коки. Виолината остана без гитарата, а Коки неретко знае да се сети на својот пријател и да сподели спомен.

-Ме следат многу работи, секојдневно. Нема ден да не помислам и да не се сетам на нешто. Дуле беше Коки, Коки беше Дуле. Различни, а исти.

Ден-денес кога поминувам некаде, некој ќе викне по мене: „Дулеее! Немам проблем со тоа. Важно е дека сѐ уште постоиме. Луѓето ги засакаа песните. Дуле отпеа и запиша историја.

Останаа недоправени и недоречени нешта. Доцна сфатив дека тоа што е за Бог, дај му го нему, тоа што е за народот, дај го на народот. Ни Дуле не го разбра тоа“, рече Коки во една прилика за „Слободен печат“.

Следната година се навршуваат цели 30 години откако песната „Виолина и гитара“ победи на фестивалот Макфест. По тој повод, Коки Јанков сподели емотивна објава на социјалните мрежи:

-Полека, полека, се навршуваат 30 години од „Виолина и гитара“, тоа значи дека договдина 2026 ќе се случи еден голем концерт како што доликува. Подготовките започнуват од есенва“, напиша Коки.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо
Се вчитува....