3.8 C
Скопје
20:25 - 20 декември, 2024

ОСВЕЖУВАЊЕ ВО ХОРОР ЖАНРОТ: „Крв-црвено небо“ го балансира хаосот со мајчинска нежност

Иако вампиризмот е тема која е безброј пати обработувана во филмскиот свет, Торнварт успева во тоа да создаде нешто оригинално и доста поразлично од досегашните филмови за вампири.

Љубителите на хорор жанрот се во постојана потрага по следниот филм што ќе успее да ја замрзне крвта во нивните вени. Публиката знае да биде високо критична и пребирлива кога станува збор за добар хорор филм, особено земајќи го предвид фактот дека оригинална приказна и квалитетна изведба станува сè поретка појава во овој жанр.
Ова лето, Нетфликс приреди акционо-хорор изненадување во режија на Питер Торнварт. Германскиот филм „Крв-црвено небо“, чија премиера се случи на 23 јули годинава на стриминг платформата, е снимен според сценарио на Тинварт и Стефан Холц, а во него глумат Пери Баумеистер, Роланд Мулер, Карл Антон Коч, Каис Сети, Александар Шир и Доминик Пурсел.
Повеќе или помалку очекувано, филмот наиде на спротивставени мислења и публиката е поделена на оние кои се комплетно вљубени во оригиналноста на приказната, и оние кои се длабоко разочарани од недоволно искористениот потенцијал на сценариото и незадоволителната режисерска изведба.

Но, за што станува збор?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Captain Amazo (@captainamazo)

Вампири во авионот

Буквално! Но, без паника, ова не е спојлер. Уште од самиот постер на филмот станува јасно дека дејствието се одвива во авион, а некој од патниците е вампир.

Филмот ги следи Надја и нејзиниот син Елиас кои се качуваат на авион што лета од Германија кон Њујорк. Најда е болна, и принудена да прима лек повеќепати во текот на денот. Конечното решение за нејзината мистериозна болест лежи во трансфузија на крвта, за која таа треба да го прелета Атлантскиот океан.

Но, летот го прекинуваат група терористи кои имаат намера да го киднапираат авионот, а вината и товарот ги префрлаат врз муслиманските патници. Ситуацијата е веќе алармантна, а паниката помеѓу патниците расте заедно со непредвидливото лудило на еден од киднаперите, чија агресија дури и го надминува трпението на неговите соработници.

Зарем е возможно да стане полошо? Апсолутно!

Во случај на опасност, секоја мајка е подготвена да се трансформира во суперхерој со цел да го заштити своето дете. Но во приказната на Надја и Елиас, трасформацијата зазема малку поинаков терк.

Во моментот кога Надја ќе биде лишена од нејзиниот лек, а нејзиниот син ќе остане сам, таа почнува да ја губи контролата врз нејзината „здравствена“ состојба и полека да ги ослободува своите мрачни сили. На гледачот му станува јасно дека Надја е всушност вампир, кој со сите сили се обидува да ја сокрие својата болна тајна со цел да се заштити себе, своето дете и останатите околу неа.

Сепак, самоконтролата на Надја има одредена граница, а кога таа ќе биде премината, авионот се претвора во кутија на смртта.

„Крв-црвено небо“ внесува „свежа крв“ во жанрот

Иако вампиризмот е тема која е безброј пати обработувана во филмскиот свет, Торнварт успева во тоа да создаде нешто оригинално и доста поразлично од досегашните филмови за вампири. Наедно, „Крв-црвено небо“ е филм кој воодушевува со практичните ефекти, шминката и дизајнот на вампирите.

Торнвард несомнено црпи инспирација од филмови како „Воз за Бусан“, „Од самрак до зори“ и „Змии на авионот“, но вистинското освежување во овој филм доаѓа со неговата одлука да не го води филмот во класична хорор насока.

„Крв-црвено небо” е современа приказна, сместена во неверојатно клаустрофобичен простор, каде нема само еден извор на опасност, туку два – терористи и вампири.

Но во овој случај, вампирот не е примарното зло – Надја не е крволочен монструм кој инстинктивно убива сè пред себе за да ја изгаси својата жед за крв. Преку наизменично патување од сегашноста во минатото, гледачот добива појасна слика за судбината на Надја, разбира како таа станува вампир, како понатаму се сптавува со нејзината нова „болест“ и дознава што се случило со таткото на нејзиниот син.

Иако за дел од публиката, честото патување напред и назад по временската линија беше непотребно и напорно, дел широкоградо го прифати како одличен начин главниот лик да се развие пред нивните очи.

 Трогателната врска помеѓу мајка и син како емотивно јадро на еден крвав хаос

„Крв-црвено небо“ е неизбежно брутален и крвав филм, но наедно, овој филм е и сентиментална приказна за мајка и син кои, оставени сами на себе, се борат со последни сили да се заштитат меѓусебно. Дури и во најагресивните сцени, поврзаноста и пожртвуваноста на ова мало семејство успева да ја трогне публиката. Пери Баумеистер и Карл Антон Коч се прекрасни во своите улоги на Надја и Елиас и нивната глума не го остава гледачот рамнодушен.

Баумеистер изведува феноменален портрет на мајка која се гуши во чувство на очај и беспомошност, особено во моментот кога согледува дека ја губи битката. Во текот на борбата, Надја случајно инфицира еден од терористите, што резултира во зголемување на бројот на вампири во авионот.

Така таа станува свесна дека нештата излегуваат надвор од секаква контрола и дека повеќе не може да ги заштити ниту својот син, ниту патниците. Сцената кога Надја сфаќа дека и таа самата за кратко време ќе се претвори во несвесно чудовиште и се обидува да го оттурне својот син од себе, е една од најемотивните и најмоќни сцени во филмот.

Малиот Карл Антон Коч е одлично изненадување како дете-актер во својата улога Елиас. Тој е свесен за состојбата на својата мајка, принуден да созрее предвреме и е подготвен да ја ризикува својата безбедност за неа, додека таа животински се бори за да го заштити него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Holt (@the_dark_lodge)

Каде згреши Торнвард?

Филмот е далеку од совршен и има недостатоци, вклучувајќи го и ритамот на дејствието и самото времетраење на филмот. Земајќи предвид дека првата половина се одвива релативно споро, додека пак акционите сцени во втората половина стануваат репетативни и здодевни, филмот дава чувство дека трае подолго од 121 минута.

Но доколку ритамот на приказната беше распореден малку поинаку и доколку дел од времето беше посветено на позадината и развојот на некои од ликовите, како Фарид, Карл и Роберт, можеби ќе се избегнеше порција од непосакуваната монотонија.

Покрај тоа, оваа приказна можеби би била уште покомплетна доколку беше прикажан барем дел од светот на вампирите. Која е нивната приказна? Кои се тие, од кога се тука и од каде доаѓаат? Филмот поставува број прашања и отвора можност да се развие цел универзум околу овој вид.

Но можеби и токму тоа била идејата на Торнвард. Можеби недостатокот од одговори на овие прашања ја прави приказната за неговите вампири уште помистериозна.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....