15.8 C
Скопје
18:13 - 10 април, 2026

„Оперирана е, излезе од шок соба“: Лепа Лукиќ проговори за здравствената состојба на Зорица Брунцлик

Пејачката Лепа Лукиќ проговорила за здравствената состојба на нејзината колешка Зорица Брунцлик. Лепа открила дека слушнала со неа и дека Зорица излегла од шок-собата.

Како што споделила, Зорица ѝ се јавила, кога Кемиш ѝ рекол дека Лепа е многу загрижена и потресена.

– Таа ми се јави. Имала операција… Ќе излезе сега, од болница, и така… – рекла Лепа Лукиќ.

На прашањето дали разговорот бил емотивен, Лепа рекла:

– Оперирана е, се чувствува добро и… Подобро е, излегла од шок-собата. Ќе се врати дома за неколку дена, на домашно лекување.

Кога го слушнала нејзиниот глас, Лепа целосно се разнежнила.

– Загтижена сум за неа, па ми се јави. Кога ми се јави, го препознав гласот, реков: „ Сонце мое…“ – рекла Лепа за „Вистинското лице на естрадата“.

И пејачката Весна Змијанац, на работ на солзи, неодамна зборувала за здравствената состојба на Зорица Брунцлик. Таа рекла дека ѝ било тешко кога слушнала дека Зорица е болна, бидејќи многу ја сака и ја цени како колешка.

 

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....