8.8 C
Скопје
16:46 - 27 март, 2026

Омилената пита на Цеца Ражнатовиќ стана вистински хит

Во српските медиуми се пишуваше дека Цеца Ражнатовиќ не е љубител на кујната и дека скоро и не влегува во неа.

Пејачката одговори на овие приказни и призна дека не сака да готви, но не и дека не може да подготви оброк.

Цеца обожава пита, особено за време на постот. Познато е дека Ражнатовиќ е голем верник, а за време на празниците, питата е задолжителна во нејзиното мени.

Во продолжение погледнете го рецептот за нејзиниот специјалитет.

500 г кора за пита
500 г шампињони
2 мали празови
1 дл масло
1 чаша кисела вода
1 прашок за пециво
мешавина од зачини, бибер, сол

Ситно исечкајте го празот и пржете го во масло додека не омекне. Додадете ги исечканите печурки и продолжете да пржите додека течноста не испари. Зачинете со сол, бибер и додадете ја мешавината од зачини по вкус. Поделете ги корите на три дела. Првите две премачкајте ги со мешавина од масло и кисела вода, а во третата додадете го подготвениот фил. Замотајте ја питата и наредете ја на плех обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180°C додека кората не добие златно-кафеава боја.

Оваа пита е совршен избор за сите што постат, но и за оние кои сакаат лесни и здрави оброци. Освен што е вкусна и заситува, можете да ја послужите топла или ладна, со освежителен доматен сок, како што прави Цеца.

Слични објави

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо

(Фото) Миа Костова прозборе за врска со оженет маж

Еспресо

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Еспресо

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо
Се вчитува....