0.8 C
Скопје
02:33 - 12 март, 2026

Околу 41 илјада загинати во Турција и Сирија: Двајца браќа извлечени од урнатините по 181 час – „Кога ги видовме, заборавивме на сè“

Копањето продолжува: пронајдени живи деца, жени и мажи. УНИЦЕФ: „Уништени десетици училишта и болници“. Илјадници сирачиња. Дамаск се согласи да ги отвори премините за хуманитарна помош.

Најавата на Дамаск за отворање на два нови прекугранични премини меѓу Турција и северозападниот дел на земјата за да се овозможи премин на хуманитарна помош наменета за регионите погодени од земјотресот е „добра работа“ доколку претседателот Башар ал- Асад е „сериозен“. Ова го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс на брифинг со новинарите.

Двајца браќа на возраст од 8 и 15 години беа спасени во турскиот град Антиохија: спасувачките тимови успеаја да ги извлечат Харун и Ејуфан Шерифоглу од урнатините 181 час по земјотресот, известува новинската агенција Анадолу.

„Кога ги видовме, го заборавивме светот, заборавивме на сè. Среќни сме“, рекол вујкото, додавајќи сепак: „штотуку ја закопавме нивната мајка. А нивниот татко е во урнатините“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....