7.8 C
Скопје
19:36 - 10 март, 2026

Ограбен е Кијану Ривс: Еве што е одземено од домот на славниот глумец

Познатиот холивудски актер Кијану Ривс повторно е ограбен. Според странските медиуми, крадците упаднале во неговиот дом, но избегале пред да дојде полицијата.

Како што пренесуваат странските медиуми, полицијата во Лос Анџелес одговорила на анонимен повик за можен сторител, но кога пристигнала на местото на настанот и извршила пребарување, не нашла никого.

Полицијата повторно се вратила околу 1 часот по полноќ кога се огласил алармот на имотот на актерот, но овој пат полицајците велат дека на безбедносните камери биле видени повеќе мажи во скијачки маски како кршеле прозорец и влегувале во домот.

Крадците однеле едно огнено оружје од куќата пред да побегнат, не е јасно дали одзеле нешто друго, но Кијану во тој момент не бил дома, пишува „ТМЗ“.

Детективите истражуваат дали има повеќе индиции на видео снимката од куќата и околината, исто така, едно нешто што конкретно го разгледуваат е дали првиот повик во полиција го упатил некој што ја посетил претходно куќата и извршил проверка.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....