16.8 C
Скопје
02:51 - 27 јули, 2024

Огњен Амиџиќ првпат проговори за синот, откри на кого личи: „Ова е целта на живеењето…“

Популарниот водител Огњен Амиџиќ завчера доби син со водителката Мина Наумовиќ, кому му го дадоа името Перун, а сега првпат проговори за наследникот и откри како поминало породувањето.

Како што кажа уште на почетокот, пренесуваат српските медиуми, пресреќен е, а синот го видел веднаш по породувањето.

„Пресреќен сум, што да кажам друго. Дури вчера го видов бебето, тоа е посебно чувство. Нема поубаво чувство, сметам дека тоа е целта на живеењето. Тој момент е неверојатен. Кога ќе го видите бебето, се наоѓате затечени во ситуацијата – изјави Амиџиќ.

Откри и како поминало породувањето, но и како се чувствува Мина.

„Одлично е, се добро помина. Таа се чувствува добро, почнува сега полека да функционира. Јас сум малку суеверен кога се тие работи во прашање, она е одлично, бебето е добро, се помина океј. Таа сега се навикнува на сето тоа, ќе видиме кога ќе се вратиме дома, па ќе го започнеме тој реален живот – рече водителот и додаде:

– Ќе видиме, се договоривме дека во овој момент не личи на никого. Но ќе видиме на кого личи во пубертетот, кога ќе ја добие својата конечна форма. Има коса, толку е чист, сè е во ред.

Понатаму, водителот откри и како реагирал неговиот постар син кога слушнал дека има брат.

– Секако, тоа е шоу со него. Мислам дека едвај чека да го запознае. Тој беше со нас цело време, во моментот кога отидовме во болница, тој отиде кај мајка му, спиеше и веднаш се врати, уште следниот ден. Мислам дека едвај чека да го види – рече Амиџиќ, пренесува српски Телеграф.

Името што решија да му го дадат на наследникот привлече големо внимание, а Амиџиќ сега откри како дошол до идејата за името.

„Долго размислував за тоа име, кога ѝ го предложив на Мина, неа веднаш ѝ се допадна. Затоа што во морето на се што постои, некако сакав да најдам име кое е наше, кое има длабоки корени во нашата традиција, а да има некоја специфичност. Кога дознав за Перун, тоа беше тоа. За мене Перун има добра симболичност, не сум чул некој така да се вика, иако има во моето семејство, сега ми јавија дека мојата братучетка има син Перун, а тоа не го знаев. Значи, старословенско име е, има корени кај нас. Ние двајца се согласивме веднаш околу името“.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....