7.8 C
Скопје
19:44 - 31 март, 2026

Од плус отидоа во длабок минус: Рејтингот на Хари и Меган вртоглаво падна во САД по објавувањето на мемоарите „Резерва“

Популарноста на принцот Хари и Меган Маркл во Соединетите Држави опадна по објавувањето на автобиографската книга на војводата од Сасекс, „Резерва“, пренесува Дејли Меил.

Популарноста на војводите од Сасекс во САД драстично опадна откако принцот Хари започна нов напад врз кралското семејство во серија телевизиски интервјуа, но и со неговата книга – мемоари во која откри голем број интимни детали од неговиот живот и животот во кралското семејство.

Според анкетата спроведена од Њјусвик на 5 декември 2022 година, Хари имал +38 рејтинг, а до 16 јануари 2023 година рејтингот на принцот паднал на -7.

Рејтингот на Меган Маркл пак, паднал уште повеќе, од +23 на -13.

Автобиографската книга на принцот Хари, „Резерва“, беше објавена на 10 јануари, по серијата скандали предизвикани од најавите за нејзината содржина и изјавите на Војводата во неколку интервјуа.

За неколку дена по продажбата, мемоарите на најмладиот син на кралот Чарлс Трети станаа најбрзо продаваната книга во Британија, уривајќи ги сите рекорди во продажба. Само во првиот ден беа продадени 400.000 книги, вклучително и електронски и аудио верзии.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....