9.8 C
Скопје
15:19 - 31 март, 2026

Од миленичка на Силиконската долина до тешка измамничка – Елизабет Холмс заврши во затвор

Основачката на Теранос, Елизабет Холмс, денеска е однесена во федерален затвор по повеќекратните обиди да се одложи почетокот на нејзината казна.

Таа поднесе жалба, која беше одбиена, а друга пресуда ѝ наложи да плати 452 милиони долари отшетаа на жртвите на измамата. Осудена е на 11 години затвор.

Поранешната миленичка од Силиконската долина беше осудена во јануари за три точки за измама и една точка за заговор, откако поротата откри дека ги измамила инвеститорите со лажно тврдење дека технологијата за тестирање на крвта на нејзината компанија може да дијагностицира болести со само неколку капки крв.

Холмс и поранешниот главен оперативец на Теранос, Рамеш Балвани, кои биле во интимна врска додека работеле заедно, се обвинети за ангажирање во мултимилионска шема за измама на инвеститорите од 2010 до 2015 година, како и за шема за измама лекари и пациенти кои имаат платено услуги за испитување на крвта од 2013 до 2016 година.

Холмс измами истакнати и многу богати семејства, кои ги користеле услугите на нејзината фирма или инвестирале во неа. Дури и ангажираше неколку познати личности да соберат пари за Теранос, чија вредност беше проценета на 9 милијарди долари во својот врв.

Меѓу донаторите беа поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер и семејството Волтон, познато по основањето на американскиот синџир супермаркети Волмарт, но откако беше откриено дека нејзината технологија за тестирање на крвта не функционира, многумина го загубија своето богатство.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....