9.8 C
Скопје
08:24 - 28 септември, 2026

Објавен тестаментот на Метју Пери: Еве кој ги доби парите

Пет месеци по смртта на Метју Пери, позната е содржината на неговиот тестамент. На 28 октомври минатата година, актерот беше пронајден мртов во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес. Токсиколошката анализа покажа дека причина за смртта се акутните ефекти на кетаминот и давење. Правните документи што ги видел ТМЗ ја откриваат содржината на неговиот тестамент од 2009 година.

Метју Пери оставил повеќе од милион долари на Фондацијата, која ја именувал по лик од филм на Вуди Ален. Во тестаментот стои дека тој ги остава најголемиот дел од своите работи на организација што ја нарекол Алви Сингер Ливинг Траст по ликот од Ени Хол, од 1977 година.

Сумата што ја оставил на фондацијата е она што извршителите утврдиле дека се дополнителни средства кои не се веќе во неговиот приватен фонд. Вредноста на неговиот вкупен имот се проценува на 120 милиони долари.

Актерот немал деца, а во тестаментот стои дека децата кои потенцијално би можел да ги има „немаат изразено право на неговото богатство“. Извршители на тестаментот се Лиза Фергусон и поранешната сопруга на Мајк Мајерс, Робин Рузан, пишува Дејли Мејл.

Од 1994 до 2004 година, Метју Пери го играше Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“ и заработуваше 20 милиони долари по епизода. Неговите родители најверојатно ќе ги преземат неговите авторски права, како и други делови од неговиот имот, кој ги вклучува правата за неговите мемоари од 2022 година.

 

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....