11:34 - 4 април, 2026

ОБИЧАИ: Денес е Велики петок – најтажниот ден во годината, што не треба да јадете?

Велики петок или Велипеток — ден од Страдалната седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Велики Петок претставува најтажниот ден во животот на секој христијанин, а за денешниот ден е препишан најстрог пост.

Христијаните на Велики Петок се присетуваат на случувањата кога Исус бил навредуван, удиран додека толпата народ извикувала „распнете го, распнете, крвта негова на нас и на нашите деца“.

На крајот, Исус е распнат на брдото наречено Голгота помеѓу два разбојника.

Што се однесува до храната, уште од многу одамна е препишан строг пост. Тоа подразбира пост на вода, односно храна која не се подготвува на масло за јадење. Така, според правилата, денес не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир, посна паштета и слично. Во некои места не се јаде ниту кромид и лук, бидејќи се верува дека раните на Исус Христос биле премачкани со лук како повеќе би го болеле и печеле.

Повеќето Христијани на денешен ден не јадат варен зеленчук или сирово овошје и зеленчук.

Во повеќето храмови и манастири воспоставено е правилото, монасите да не јадат ништо се додека сонцето не зајде. До тоа правило се придржуваат и голем број верници.

Според традицијата, на Велики Петок се избегнува користење на вилушка, нож или друг остар предмет, бидејќи тие предмети го симболизираат копјето со кое бил прободен Исус.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....