17:56 - 1 април, 2026

Нови страшни обвинувања за Бил Козби: „Ме дрогираше, па ме силуваше додека бев во несвест“

Бил Крозби со години се соочува со сериозни обвинувања, а и овој пат демантираше се!

Познатиот актер Бил Козби (85), кој пред неколку години беше осуден на три до десет години за силување, а одлежа само нешто повеќе од две години од казната, кога судот во Пенсилванија ја укина пресудата на Врховниот суд, се соочи со нови обвинувања за злоупотреба од девет жени!

Во тужбата поднесена во петокот пред Врховниот суд на Њујорк, анонимен обвинител изнесе нови обвинувања против Бил Козби. Жената, идентификувана како Џејн До, рече дека била поканета на сетот на „Козби шоу“ во два наврати. Потоа изјавила дека за време на нејзината втора средба со Бил била сексуално нападната откако тој ѝ ставил дрога во пијалокот. Џејн До изјавила дека се онесвестила по мала количина на пијалок, а кога се разбудила веќе било доцна.

Се наведува и дека актерот се праве за време на снимањата и дека компаниите знаеле што се случува, но дека никој не го сопрел. Козби ги негираше овие изјави, а во еден момент ги нарече смешни. Во текот на кариерата во шоу-бизнисот, актерот е обвинет за низа сексуални злоупотреби од дури шеесетина жени, а тој сè негира, пишува Дејли Меил.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....