33.8 C
Скопје
16:17 - 16 август, 2026

Нови научни сознанија за долговечноста: Како се станува стогодишник?

Генот кој ги спречува оштетените клетки да извршат самоубиство е клучот за здраво стареење и можност да дочекате да дувнете сто свеќички, па и повеќе.

Во Македонија, очекуваниот животен век при раѓање во 2021 година беше 76,7 години сепак, но има среќници кои не само што ја надминуваат оваа бројка, туку дури и дуваат стотина свеќи. Според пописот спроведен во 2021 година, во Македонија има 51 лице со точно сто години или над сто години (18 мажи и 33 жени). Во резултатите не е наведено колку години има најстариот човек во земјава, но 23 лица наполниле 99 години (12 мажи и 11 жени), 51 лице наполнило 98 години (23 мажи и 28 жени), 85 лица имаат 97 години (34 мажи и 51 жена), 133 лица имаат 96 години (43 мажи и 90 жени), односно според резултатите од Државниот завод за статистика, жените во Македонија живеат подолго од мажите.

Тајната е во генот Bcl-xL

Но, што одредува кој ќе го достигне векот? Дали е доволно да вежбаме и да се храниме здраво или ни е потребно нешто друго? Според новата студија објавена во „Списанија за геронтологија“ (The Journals of Gerontology), не е доволно да се биде здрав за да се живее долго: туку изгледа дека тајната е во обилно присуство на ген кој ја спречува програмираната клеточна смрт, кој го забавува стареењето и им овозможува на среќните да достигнат здрава стогодишна возраст.
За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите регрутирале три групи волонтери: првата составена од 88 луѓе на возраст меѓу 65 и 80 години, со живи родители постари од 97 години, втората – составена од 63 стогодишници и третата составена од 88 годишни кои се потомци на стогодишници. Истражувањата покажаа дека децата на (скоро) стогодишниците се многу помалку изнемоштени од врсниците без такви постари родители или блиски роднини, и дека гените на луѓето кои имаат околу 100 години и нивните потомци се многу слични. Истражувањето открива и дека постои генетска предиспозиција за здраво стареење.

Генетските анализи покажаа дека стогодишниците и потомците на стогодишниците имаат поголема количина на генот Bcl-xL односно таканаречен Б-клеточен лимфом-екстра голем (од англиски -B-cell lymphoma-extra large), кој спречува програмирана клеточна смрт или апоптоза. Нашите клетки се програмирани да извршат самоубиство кога се оштетени за да се спречи ширењето на штетата низ телото. Овој ген предизвикува клетката, пред да умре, да се спротивстави малку подолго, а органот во кој се наоѓа побавно старее и подолго ја одржува својата функционалност.

пиксабеј

Удел на среќата

Исто така, изгледа дека протеините произведени од генот Bcl-xl ја спречуваат фрагилноста: „Го видовме тоа во експериментите спроведени на црви и муви, а сега го проучуваме и кај глувци“, објаснува Борас, еден од авторите на студијата за поврзаноста на гените и 100-годишната возраст на луѓето.

Накратко, колку и да се трудиме да имаме здрави навики, ако нашите гени не „соработуваат“ со нас, ќе биде тешко да дочекаме да дувнеме сто свеќички:

„Гените играат важна улога“, нагласува Борас. „Има луѓе кои воделе живот кој воопшто не е здрав, но сепак достигнуваат сто години. Она што им е јасно на научниците е дека целта на истражувањето не е само да се осигура дека луѓето живеат подолго, туку дека живеат подолго со добро здравје, користејќи ги картите на животот на најдобар можен начин“.

Слични објави

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.

„Куќата ми изгоре, па Мира Шкориќ ме прими да спијам кај неа“: Исповед на ѕвездата од деведесеттите чиј хит сè уште сите го пееме

E.A.

Иван Маринковиќ бесен по контактот со ќерката која ја има со Гоца Тржан — „Односот беше катастрофален“

E.A.

Љубел многу, а вистински сакал само четири: Најголемите љубови на Елвис Присли

Т.Ц.
Се вчитува....