32.8 C
Скопје
15:22 - 16 август, 2026

„Босанскиот премиер ме пречека полугол во хотелска соба“: Позната новинарка откри скандал од војната во Босна

Босанскиот премиер ме пречека полугол во хотелската соба и наместо интервју 15 минути се обидуваше да ме гушне, открива новинарката Саманта Пауер во своите мемоари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Power (@samanthajpower)

Саманта Пауер (52), актуелна директорка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и поранешен американски амбасадор во Обединетите нации (2013-2017), е една од оние Американки чија биографија е нераскинливо поврзана со Босна и Херцеговина и нејзиниот народ. Родена во Исрка, на десетгодишна возраст се преселила во САД, ја започнала својата кариера во 1990-тите како млада новинарка известувајќи од војните во Хрватска и Босна и Херцеговина, пишува „Дневни аваз“. Била наградена со Пулицерова награда за воено известување. Саманта известуваше за бројни американски и британски медиуми од боиштата во Босна и Херцеговина, престојуваше во Сараево, и е една од ретките новинарки кои успеаја да влезат во опколената Бихаќска Краина. Пауер е автор на неколку значајни книги, а нејзините мемоари „Образованието на идеалист“, објавени пред три години, брзо станаа бестселер. Книгата на читателите им ја препорача и поранешниот американски претседател Обама.

Пауер во книгата потсетува на многу настани од нејзината импресивна новинарска, академска и дипломатска кариера. Во еден дел таа открива како доживеала травматско искуство додека известувала за војната во Босна и Херцеговина од, како што го нарекува, „премиерот на Босна и Херцеговина“.

– Една вечер ѝ се придружив на мојата пријателка Стејси Саливан, надворешна соработничка на „Њусвик“, во обиколка на Сараево за да најдеме вода за капење, која ни требаше со денови. Бевме запрени и уапсени поради кршење на полицискиот час и нѐ затворија во затворот во Сараево. Откако успеав да дојдам до телефон, наместо на американскиот амбасадор во Сараево, му се јавив на босанскиот премиер, кого дотогаш често го интервјуирав и кој имаше репутација на заводник – напиша Пауер. Не го споменува името на „премиерот на Босна и Херцеговина“, иако и на најнеупатениот читател му е јасно дека тоа е Харис Силајџиќ, воен министер за надворешни работи, а подоцна и премиер на Босна и Херцеговина.

– Изгледаше дека уживаше да ги користи своите врски за да го обезбеди нашето ослободување, за да можеме за неколку часа да се вратиме дома – пишува во мемоарите – Неколку месеци подоцна, се согласив на интервју со веќе споменатиот премиер во хотел во Загреб, додека тој се подготвуваше да отпатува во САД за да лобира кај администрацијата на Клинтон во Вашингтон. Кога стигнав во хотелската соба во која ме упати еден од соработниците на премиерот, очекував да ме пречека некој од неговата придружба. Наместо тоа, на вратата од собата ме пречека самиот премиер, речиси целосно соблечен. Бев толку шокирана што наместо да побегнам како што требаше да направам, го преминав прагот од неговата хотелска соба како да сум на авто-пилот. Следните петнаесет минути ги поминав во избегнување на неговите постојани додворувања и обиди да ме прегрне, а во исто време залудно го наговарав да го започнеме нашиот договорен разговор. Откако ми кажа дека не го интересира премногу испрашувањето за војната што го погоди неговиот народ, си заминав – пишува Пауер во книгата.

Слични објави

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.

„Куќата ми изгоре, па Мира Шкориќ ме прими да спијам кај неа“: Исповед на ѕвездата од деведесеттите чиј хит сè уште сите го пееме

E.A.

Иван Маринковиќ бесен по контактот со ќерката која ја има со Гоца Тржан — „Односот беше катастрофален“

E.A.

Љубел многу, а вистински сакал само четири: Најголемите љубови на Елвис Присли

Т.Ц.

Луксуз до бескрај: Најдобрата пријателка на Лепа Брена објави видео од јахтата „Лејди Би“

Т.Ц.
Се вчитува....