8.8 C
Скопје
18:09 - 31 март, 2026

Нови детали за романсата на Бред Пит и Инес де Рамон: „Секој може да ги види заедно“

Станаа познати свежи детали за романсата на холивудскиот актер Бред Пит, пишува Пипл.

Поранешниот сопруг на Анџелина Џоли и неговата девојка Инес де Рамон „уживаат во летната љубов“. Ѕвездата на Fight Club и дизајнерката на накит се „многу блиски“, вели изворот.

„Одлично им оди“, вели упатен извор близок до ѕвездената двојка.

Пит, кој неодамна снимаше филм за Формула 1 во Европа, па оттука и подолг период престојуваше во Анлија, според изворот се сретнувал со Де Рамон многу пати – таа во секоја слободна прилика доаѓала во Лондон.

„Тие поминуваат многу време заедно ова лето бидејќи навистина уживаа во меѓусебното друштво и многу се сакаат“, вели инсајдерот.

„Тоа е видливо за секој што ќе ги види заедно“, додаде тој.

Инес Де Рамон (30) престојувала и во замокот Миравал на 59-годишниот актер и покрај долгата правна битка меѓу него и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли околу францускиот имот.

„Заедно поминуваат многу време и во Шато Миравал, но и на други места во Европа“, додава изворот.

Пит и де Рамон првпат беа забележани заедно во ноември 2022 година на концерт на Боно. Ова се случи неколку месеци откако таа и актерот Пол Весли се разведоа.

 

 

 

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....