10:27 - 13 ноември, 2026

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се квалификуваше за финалето на Австралија опен по маестралната победа над Јаник Синер во полуфиналето.

Успехот на Ѓоковиќ предизвика воодушевување, а поддршка доаѓа и од бројни јавни личности.

По тој повод, се огласи и српската пејачка Марија Шерифовиќ, испраќајќи емотивна порака до Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

– Новак не е машина. Не е ниту робот. Новак е човек со срце и ум кои вибрираат на фреквенции многу повисоки од оние на кои сме навикнати. Неговите победи не се само негови. Тој победува во име на секое битие кое живее за вистината и искреноста, без маска, без потреба да му додворува на кој било – напишала Шерифовиќ.

Пејачката во продолжение истакнала дека успесите на Ѓоковиќ ги надминуваат спортските рамки.

– И затоа она што го гледаме не е само спорт. Тоа е потсетник дека е можно да останеш свој, исправен и чист, дури и кога светот е бучен, неправеден и склонен кон заборав. Новак нè учи не како се победува против другите, туку како се победува без да се изгубиш себеси. Мирно спиј, шампионе. Утре е само резултат, вечноста е веќе твоја – порачала Марија Шерифовиќ.

 

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....