09:59 - 12 март, 2026

Новак Ѓоковиќ откри дека Јелена му била девојка на негов пријател: Имаше бела маица на која пишуваше, „Јелена, те сакам“

Во неодамнешно интервју, Новак Ѓоковиќ му ја отвори вратата од неговиот приватен живот на новинарот Пирс Морган. Меѓу другото откри и дека неговата сопруга Јелена претходно била во врска со тенисер кој му бил пријател на Новак.

„Таа играше тенис, но никогаш не се сретнавме додека играше. Јелена била во врска со друг тенисер, кој ми е пријател од младоста, и беше смешно бидејќи првпат слушнав за неа од пријател кој играше во истиот клуб со мене.“

-Победивме на важен натпревар во регионалната лига, а тој имаше бела маица под дресот на која пишуваше: „Јелена, те сакам, ова е за тебе“. Коментиравме, се смеевме и се прашувавме која е таа Јелена, и се испостави дека е таа“, рече Ѓоковиќ со насмевка.

Љубовта меѓу Новак и Јелена се родила од пријателство.

„Се познававме преку заеднички пријатели четири или пет години. Мојот најдобар пријател одеше на училиште со неа, бевме во исто друштво, а потоа почнавме да се забавуваме кога се преселив во Монте Карло.“

Во тој момент Морган го прекина и со насмевка праша: „Значи, другиот тип веќе раскинал со неа?“

„Да. Не ме ставајте во таа позиција. Таа отишла да студира во Италија и почнавме да се забавуваме. Таа е единствената долга врска што некогаш сум ја имал. Имаше, секако, и пократки врски од по неколку месеци, но таа е љубовта на мојот живот.“

Новак не сакаше многу да зборува за поранешното момче на Јелена Ѓоковиќ, споменатиот тенисер.

„Сето тоа сега е далечно минато. Животот на секој од нас одеше во свој правец“, рече тој, објави Стори.рс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manav Manglani (@manav.manglani)

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....