11.8 C
Скопје
16:50 - 26 октомври, 2026

НОВА КАРИЕРА: Бритни Спирс почнала да пишува книга

Пејачката Бритни Спирс објави на „Инстаграм“ дека пишува книга и откри некои детали од неа.

„Пишувам книга за девојка која е убиена. Нејзиниот дух е заглавен во лимузина поради траума и болка, а девојката не знае како да премине во светот што го знае. Откако е заробена во лимузина три години, постоењето на нејзиниот дух зависи од одразот на огледалото“, започна Бритни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Нема никој на кого може да му верува, но нешто се случува и таа сфаќа како да се пресели во светот во кој се наоѓа нејзиното семејство. Кога нејзиниот дух ќе излезе од лимузината, таа треба да одлучи дали ќе оди кај луѓето што ја убиле или ќе создаде цел нов живот. Веќе не ѝ треба огледало“, напиша пејачката.

Духот од нејзината книга наоѓа излез преку молитва и девојката треба да се соочи со многу работи од реалниот свет, меѓу другото треба да научи повторно да го пишува своето име, но Бритни не сакаше да открие други детали од книгата.

Обожавателите беа воодушевени кога дознаа дека Бритни пишува книга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Ова е приказна за девојка по име Бритни”, „Бестселер во подем”,„Браво Бритни, едвај чекам да ја прочитам книгата”, се само некои од коментарите.

Слични објави

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо
Се вчитува....