07:02 - 1 февруари, 2026

Нов конфликт меѓу Шакира и Пике: Фудбалерот нема да ѝ дозволи да ја напушти Шпанија со децата?

Шакира е јасна: сака да ја напушти Барселона и да живее во Мајами со двете деца, но потребна и е согласност од Жерар Пике за синовите Милан и Саша да ја напуштат Шпанија. Но голема е веројатноста дека одговорот на Пике ќе биде „не“, пишува шпанска Марка.

За раскинувањето на Шакира и Пике имаше многу гласини, а главна причина беше неверството на фудбалерот на Барселона. Се очекува комплицирана правна битка за старателството над нивните деца. Според информациите кои ги објави порталот Informalia, колумбиската ѕвезда нема да мирува додека не отиде да живее во Мајами со своите две деца и ќе направи се што е потребно за тоа да се случи, вклучително и објавување извештаи кои најверојатно нема да го остават спортистот во добра позиција. Пике наводно нема да ги пушти да ја напуштат земјата, дури ни за време на одмор.

– Шакира нема да застане додека не успее да се пресели во Мајами и да ги земе децата со себе. Тоа е нејзината главна цел, но не може без согласност на Пике, која тој нема да ја даде. Ниту неколку дена одмор, изјави изворот за медиумите.

– Пике нема да дозволи Шакира да го одвои од неговите деца. Не сака да му се случи тоа што му се случи на неговиот сонародник Николас Ваљехо – Нагера Колате, чија сопруга заминала во Мајами и кој нема друг избор освен да живее во Мајами доколку сака да се види и да помине време со својот син. Тој нема да дозволи Шакира да се пресели со нив – додаде изворот.

И иако засега Пике е мирен, со оглед на тоа што неговите деца не можат да ја напуштат Шпанија без негово одобрение, извештајот што го подготвува Шакира, а кој би влијаел на имиџот на Пике, би можел да овозможи преговори меѓу нив.

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....