9.8 C
Скопје
14:49 - 31 март, 2026

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

Хрватската музичка ѕвезда Нина Бадриќ, пред својот трет последователен концерт во белградскиот „Сава Центар“, отворено проговори за својата долгогодишна кариера, за преполните сали, но и за тешкиот пат до успехот кој го изодела без скандали.

Нина истакна дека подготовките за концертите се готови и дека е пресреќна што биле распродадени во рекордно време. Сепак, таа се осврна и на тоа колку е тешко за една жена достоинствено да опстане на сцената.

„Многу е тешко, ова дефинитивно не е работа за слаби луѓе. Патот е за силните борци. Јас не сум личност склона кон скандали, кавги или мешање во туѓи животи. Првенствено барам мирен живот и така ги градев односите и со колегите и со медиумите сите овие години. Тоа не значи дека некој може да ме гази – знам многу добро да се одбранам и да барам правда, но не ми требаат валкани приказни за да бидам популарна“, изјави пејачката.

Таа додаде дека патот на една самостојна жена во музичката индустрија е полн со предизвици.

„Тешко е да се градиш на сцената како жена. Особено ако немате менаџер, богати родители или моќни и влијателни љубовници. Ако како млада девојка влегувате во ова сами и така создавате кариера, нормално е дека е тешко да одиш низ животот без заштита. За мене е важен начинот на кој се доаѓа до целта, а не само самата цел. Тоа ни ги чува срцето и душата“, заклучи Бадриќ.

Нина го коментираше и успехот на младиот Јаков Јозиновиќ, кој успеа да ги наполни големите арени без ниту една своја песна, истакнувајќи дека тој е доказ оти младоста е мудра и дека успеал да ги врати квалитетните песни на сцената во време кога доминира „треп“ музиката.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....