16:07 - 31 март, 2026

Николина Пишек за справувањето со болката по смртта на Видоје: „Ставена сум на автопилот“

Беше тешка оваа година за хрватската водителка Николина Ристовиќ Пишек (47).  На 8 мај ќе се наврши една година откако на 44-годишна возраст ненадејно почина нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ. И животот на Николина се промени преку ноќ, пишуваат хрватските медиуми.

„И тука започнува вистинска „голгота“ на Николина. Таа не ја крие својата тага. Тоа можете да го видите во нејзините очи. А зошто би го криела тоа кога изгубила најблизок.Но, таа е храбра и силна. Дури и повеќе отколку што може да се очекува од една жена во нејзината ситуација“, пренесува хрватски 24 сата.

„Не помина ниту една година од смртта на Видоје, верувам дека тој период беше голема турбуленција за вас. Како успевате да се натерате лошиот ден да го претворите во добар? Како ја ставате маската на Николина Пишек и го поминувате денот?“, прашува новинарот на 24 сата.

„Ставена сум на автопилот… Кога сум со оваа екипа, на пример на ‘Маскиран пејач’ (Masked Singer), јас сум некаков вид на сцеска Николина Пишек и искрено живеам и уживам. Фантастично е што толку емотивно се исцрпувам таму, не во смисла на стрес и на адреналин,  но толку сме концентрирани на работа што следниот ден едвај чекам да дојдам. Како да сте биле на висока доза на некоја забранета супстанција, па следниот ден ве „спуштила“. Потонувам во јама на целосна исцрпеност. Кога сфатив дека ме обзема таа крива линија на подигнување и паѓање која се повторува од понеделник до недела, се снајдов. Кога деновите ми се лоши,  се сеќаваш дека мораш. Друго нема. Мора да продолжите понатаму„, вели Пишек и додава дека работата ѝ е терапија.

 

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....