15.8 C
Скопје
18:36 - 10 април, 2026

Ни најблискиот персонал не ја видел Кејт Мидлтон: Вистината ја знаат само Чарлс, Камила и Вилијам

Сите се прашуваат што се случува во британското кралско семејство. Имено, Кејт Мидлтон не била видена ни слушната ни од нејзиниот најблизок персонал, пишува US Weekly. Последниот нормален момент во јавност го имаше на Божиќ, по што беше оперирана на абдоменот во средината на јануари.

„Неколкумина од високиот персонал на Кејт не можеа да ја видат или да разговараат со неа, а не ни знаеја за операцијата додека палатата не ја објави веста, беа изненадени“, изјави извор за странскиот медиум.

„Само неколку луѓе знаат што навистина се случува, но тие молчат за тоа“, додаде тој.

Според „Ју-ес викли“, по операцијата, Кејт имала само двајца посетители – кралот Чарлс III и кралицата Камила.

Мистериозното отсуството на Кејт Мидлтон води до ширење на бројни теории на заговор: обожавателите на принцезата се загрижени што се случува со неа и наоѓаат се повеќе докази дека нешто не е во ред.

Да потсетиме, таа пред една недела објави фотографија со своите деца за да го честита Денот на мајката во Велика Британија. Во описот на фотографијата стои дека оваа година фотографијата е направена од нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. По откривањето дека станува збор за фотошоп и извинувањето за тоа, наводно од самата принцеза, фотографијата е отстранета.

Фановите шпекулираат за тоа што можело да се случи со Кејт – до тој степен што некои веруваат дека таа е во кома. Други сметаат дека операцијата била неуспешна и дека принцезата од Велс е во тешка состојба.

Најпопуларните две верзии се дека принцот Вилијам ја изневерил со својата долгогодишна љубовница, која од него родила дете, а Кејт не издржала такво понижување и си заминала.  А другата популарна верзија е дека Кејт е „коска и кожа“ и се бори со страшното нарушување болимија, во комбинација со анорексија.

Интересно е што палатата се обидува да ги игнорира гласините и не одговара на барањата на новинарите.

Кејт Мидлтон „води тешка битка со булимија и анорексија“: Принцезата Дајана едвај се избори со истата болест

 

 

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....