7.8 C
Скопје
21:19 - 1 април, 2026

Невиден малер: Бил нарко-дилер цели 10 минути, не успеал да ја продаде робата, а веќе бил уапсен!

Зико Олдхам (20) од Велика Британија може да се пофали дека е човекот кој најкратко се занимавал со трговија на наркотици.

Тој е уапсен минатата година на првиот состанок со клиентот и тоа неполни 10 минути откако излегол на улица.

Полиција во цивил здогледала тројца сомнителни момци кои се „обидувале нешто да завршат“ и поради тоа веднаш им ставиле лисици на раце.

Кај Олдхам биле најдени 100 евра во кеш, хероин и кокаин во вредност од околу 650 евра. Во џебот имал и два мобилни телефони, а еден од нив бил наменет за неговите потенцијални клиенти.

Се испоставило дека тој специјален мобилен телефон успеал да прими само еден позив и тоа од момчето со кого биле заедно уапсени.

Неговата адвокатка, бранејќи го на суд рекла дека Зико бил „нов во работата“ и дека веднаш му дошло крајот.

– Неговата мајка дури мисли дека се му е наместено, бидејќи тој бил уапсен само после 10 минути – рекла адвокатката на суд, а пренесува „Мирор“.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....