09:02 - 5 ноември, 2026

Неверојатно: Верица Шерифовиќ откри колкава ѝ е пензијата по 39 години работа

Пејачката Верица Шерифовиќ минатата година, по 39 години работен стаж, се пензионираше и донесе одлука да се повлече од јавниот живот. Денес, таа живее мирен живот и ретко ја гледаме во јавност, а времето го поминува со својата ќерка Марија и внукот Марио.

Како што долго се шпекулираше за пензиите на познатите личности од нашиот естраден свет, Верица еднаш откри колкава ѝ е нејзината месечна примања:

„Вкупно 39 години уплатен работен стаж, 27 во Србија и 11 во Австрија. Пензијата тука е сега околу 35.000 динари, а австриската малку помалку од 250 евра, но нив имам 14 во целост. Во мај и октомври примам двојно. Значи сега примив двојна 470 евра и оваа српската“, објасни Верица за „Гранд“.

Нејзината ќерка Марија неодамна раскажа дека семејството поминало низ тежок период:

„Во февруари заминувам во Америка со мајка ми, која претходно имаше мала операција за рак на дојка. Таа е во процес на закрепнување но ќе иде со мене. Стигнуваме во Лос Анџелес, почнува стимулирањето, стигна пакет со лекови, што да правам со толку многу лекови. Сè прочитав со лекарите, ми дадоа инструкции. Не ми беше дозволено да направам грешка дури 15 секунди при земањето на терапијата. Будев се во 2 и во 5 наутро. Мојот доктор, кој ја водеше бременоста на мојот син, е вистински магионичар. Тој пораѓал и членови на кралските семејства во Велика Британија“, раскажа Марија.

И покрај долгата и успешна кариера, животот и здравјето на семејството остануваат на прво место за Верица и нејзиното семејство.

Слични објави

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

Т.Ц.

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.
Се вчитува....