12:37 - 9 април, 2026

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

Анастасија Ражнатовиќ сподели фотографии од Севилја и предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи со својот природен изглед. Младата пејачка позираше во опуштено издание, во панталони и цветна лесна маичка со дискретно деколте украсено со панделка.

Она што најмногу ги воодушеви нејзините следбеници е фактот што Анастасија немаше  шминка, покажувајќи го својот беспрекорен тен.

Целиот изглед го надополни со дискретна златна огрлица и нараквица. На ова нејзино издание не остана имун ниту нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, кој веднаш искоментира со емотикони во форма на срце и бубамара.

Анастасија Ражнатовиќ – Фото: Инстаграм

„Благословена сум што те имам“

Покрај фотографиите на кои е сама, Анастасија сподели и емотивна објава посветена на својот партнер, со која уште еднаш потврди колку и значи нивната љубов.

„Сакај ги оние што тебе со гордост те сакаат, почитуваат и ценат. Толку сум благословена што те имам во мојот живот“, напиша Анастасија со емотикони на срце и молитва.

Оваа објава е само уште една потврда за хармоничниот живот на славната двојка во Шпанија, каде Анастасија секојдневно ужива во сончевите денови и поддршката од својот сопруг.

Слични објави

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Еспресо

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо
Се вчитува....