6.8 C
Скопје
06:01 - 30 март, 2026

Неверојатниот имот на Харис Џиновиќ, што ќе се дели со Мелина: Вила од два милиони долари, станови во Париз и во Белград…

Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ се разведоа по две децении брак, а борбата за имот се уште трае, пренесува српски Блиц.

Како што дознава „Блиц“, Мелина пред три дена упаднала во семејната куќа во Сењак во која се уште живее Харис со нивните наследници – синот Кан и ќерката Џина. Харис повикал полиција, а Мелина рекла дека две години трпела семејно насилство.

Иако Мелина ја напушти куќата во Сењак, се уште не се знае кому ќе му припадне, а тоа не е единственото нешто за што ќе се расправаат сопружниците.

Харис последниве години купил стан во Париз, поседува куќа во Сараево, стан на Бежанијска коса и вила на Сењак, која е проценета на 2 милиони евра.

Исто така, сопружниците поседуваат луксузни автомобили, а Харис го финансираше модниот бренд на Мелина, за што своевремено зборуваше и самата модна дизајнерка.

Да потсетиме, како што дознава српски „Блиц“, Мелина на 1.4. во вечерните саати упаднала во семејната куќа во Сењак, а Харис потоа за „Блиц“ открил што се случило.

– Мелина упадна во куќата, ме нападна вербално, не физички! Таа ми кажа дека има право да влезе, а јас веднаш повикав полиција. Не мора физички да ме нападне, психички е многу полошо, вербално! – рече Харис.

Како што дознава „Блиц“, по пристигнувањето во полиција Мелина Џиновиќ рекла: „Добро вечер, јас сум Мелина Џиновиќ и сакам да го пријавам насилството кое трае веќе две години“.

Инаку, дури подоцна беше откриено дека Харис не бил во куќата кога Мелина упаднала во неа, се вратил подоцна и ја нашол екс-сопругата како пие кафе.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....