15.8 C
Скопје
15:24 - 31 март, 2025

Неочекувана реакција: Џастин Тимберлејк зачуден од наводите во книгата на Бритни за нејзиниот абортус

Приказната на Бритни Спирс за абортусот беше вистинско изненадување за нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк, пишува Дејли Мејл, повикувајќи се на извор.

„Џастин смета дека одлуката што ја донеле е одлука што ја донеле заедно и имал намера никогаш да не зборува за тоа и да ја чува во тајност засекогаш. Сега кога Бритни го спомна тоа, таа (нивната тајна) ќе живее засекогаш во нејзината книга. Без разлика што таа одлучила тоа да го спомне, Џастин ќе се обиде да не каже ништо бидејќи знае дека сè што ќе каже отсега најверојатно ќе биде искористено против него“, додаде изворот.

Во својата книга „Жената во мене“, Спирс рече дека забременила од Џастин кон крајот на 2000 година, и иако тоа не е трагедија за неа, тој инсистирал да абортира бидејќи не бил подготвен да стане татко толку рано.

Пејачката пишува дека за неа прекинот на бременоста била болна одлука.

„Тој рече дека не сме подготвени да имаме бебе, дека сме премногу млади. Сигурна сум дека луѓето ќе ме мразат поради тоа, но јас се согласив да немаме бебе”, се вели во книгата на Бритни.

Според изворот на Дејли меил, Тимберлејк нетрпеливо го чека објавувањето на книгата на 24 октомври, бидејќи разбира дека многу тајни може да излезат на површина.

„Тој, исто така, добро знае дека минатите изјави што ги даде во врска со Бритни повторно ќе го прогонуваат. Џастин не сака да се меша во нејзината приказна и се обидува да ја избегне по секоја цена“, вели изворот близок на Тимберлејк.

Покрај приказната за абортусот, Спирс зборуваше и за своето неверство со „друга ѕвезда“, но не ја именуваше.

Бритни и Џастин беа во врска од 1999 до 2002 година откако станаа светски суперѕвезди како тинејџери. Тие се запознале во Disney’s The New Mickey Mouse Clubhouse. Тимберлејк се прослави со  бендот составен од момчиња NSYNC, додека Бритни се проби на музичките топ листи како соло изведувачка со хитови како Baby One More Time и Oops!…I Did it Again.

Кога парот се раздели поради обвинувањата за неверство на Бритни, неговата одлука да користи двојничка на пејачката во неговиот спот за Cry Me A River од 2002 година, доведе до тоа таа да биде критикувана за нивното разделување.

Слични објави

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо
Се вчитува....