22:19 - 6 февруари, 2026

НЕМАТЕ ЕНЕРГИЈА? Oвие четири лесни трикови ќе ви го променат животот!

умор

Постои здраво решение за недостатокот на енергија со кој се соочуваме речиси секој ден.

Доколку сакате да се ослободите од заморот за миг, поздраво е да поработите на некои секојдневни навики кои секако со доволно сон ќе ви помогнат да ги завршите сите обврски во текот на работната недела без пребрзо да се изморите.

Попладневен одмор

Кратката дремка попладне, после работа или предавања, многупати се покажала како одличен начин за полнење на батериите, а експертите велат дека најдобро е да спиете точно 26 минути. Лесно затемнете ја просторијата, поставете го алармот и опуштете се.

Есенцијални масла

За време на попладневната пауза, можете да вклучите и дифузер или освежувачи со есенцијални масла како лимон или нане. Верувале или не, ароматерапијата одлично влијае на телото, умот и духот. Вдишувањето на мирисот на лимон може да помогне при депресија и исцрпеност, а нането ја подобрува концентрацијата. Овие масла можете да ги додадете во шампон или регенератор и да ги користите и за миење на косата.

Вежбајте, по можност на отворено

Вежбањето го намалува нивото на стрес. Има одлично влијание на емоциите бидејќи ослободува серотонин, а со тоа го намалува гневот и напнатоста. Покрај горенаведеното, добрата страна е и добивањето витамин Д од сонцето, кој го подига нивото на ендорфин. Ако воопшто не можете да вежбате на отворено, одете во теретана – и тоа одлично ќе влијае на вашето здравје.

Јадете многу протеини и пијте многу вода

Протеините ве одржуваат сити подолго време, а во комбинација со 8 чаши вода дневно ќе ви помогнат да бидете полни со енергија во текот на денот. Патем, дехидрацијата е една од најчестите причини за замор – луѓето не се ни свесни дека се дехидрирани, а симптомите се појавуваат во форма на недостаток на концентрација, лошо расположение, меморија, главоболки и гадење.

Слични објави

Уапсен третиот осомничен за фрлената бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Еспресо

Милица Тодоровиќ се огласи од породилиштето: Го изгубив млекото поради стрес, само едно ве молам

Еспресо

(Фото) Цеца не штедела за стајлингот на Јахорина – само за штиклите дала 900 евра!

Еспресо

Ѓоле Ѓогани за Драгана Мирковиќ: „Таа е во ист ранг со Мајкл Џексон и Бијонсе“

Еспресо

Десингерица ја нападна сопругата во емисија во живо: Водителот мораше да реагира

Еспресо

Неда Украден била во врска со познат хирург кој го запознала во Македонија

Еспресо
Се вчитува....