Водителката Јована Јоксимовиќ и пејачката Александра Радовиќ некогаш биле многу блиски пријателки, но нивното пријателство завршило откако и двете во различен период биле во љубовна врска со ист маж – бизнисменот Александар Зеремски.
Во времето кога биле неразделни, Јована била во долга врска со Зеремски, тогашен директор на телевизијата БК. Нивната врска изгледала сериозна – водителката дури добила и веренички прстен, а за нивната љубов се радувала и нејзината пријателка Александра.
Сепак, љубовната приказна на Јована со бизнисменот завршила кога таа се вљубила во музичарот Жељко Јоксимовиќ, со кого подоцна се венча.
Во едно интервју, водителката се присети на тој период.
„Мислам дека меѓу двајца луѓе или се случува нешто или не. Таа вљубеност што доаѓа како прва емоција, како некој животински инстинкт што не можеш да го спречиш, ми се случи кога имав 27 години. Пред тоа бев во сериозна врска, но сакав да ги следам своите чувства“, изјавила таа.
Јована и Зеремски биле заедно околу пет години, а само петнаесет дена пред раскинувањето тој ја побарал за сопруга.
По крајот на нивната свршувачка, во животот на бизнисменот влегла токму нејзината поранешна пријателка Александра Радовиќ. Пејачката подоцна со него доби ќерка, но ни нивната врска не траела долго.
Според медиумските информации, тие се разделиле само еден месец по раѓањето на детето.
Александра во една пригода зборуваше за љубовта и бракот, истакнувајќи дека тие бараат жртва и разбирање.
„Убаво е да се заколнеме на љубов, но ако веќе се колнеме, треба и да го одржиме тој завет. Луѓето многу лесно ветуваат љубов, а уште полесно го прекршуваат тоа ветување. Љубовта е голема жртва“, изјавила таа.
По овие настани, односот меѓу Јована Јоксимовиќ и Александра Радовиќ никогаш повеќе не се обновил. И покрај бројните шпекулации во јавноста, ниту водителката ниту пејачката никогаш јавно не зборувале за прекинатото пријателство.
