7.8 C
Скопје
01:31 - 16 октомври, 2026

(Фото) Александар Динев: „Порано се срамев од тоа што сум дете од село, денес сум особено горд на тоа“

Нашиот најпопуларен тиктокер, Александар Динев, повторно ја разнежни публиката, но овојпат не со хумористично видео, туку со серија искрени семејни фотографии од родниот крај.

Динев објави фотографии направени на нива во селото Балинци, во валандовско, каде што е роден и каде што го поминал детството. На нив се гледа како вози трактор и им помага на најблиските во собирањето на зелката, со насмевка и очигледна радост додека работи на нивата.

Фото: Инстаграм/Александар Динев

Сцените од полето покажуваат поинаква страна од популарниот тиктокер – далеку од социјалните мрежи и градската динамика, во атмосфера што потсетува на детството и корените од кои потекнува.

Покрај фотографиите, Динев сподели и емотивна порака со која допре многумина, зборувајќи за односот кон родното место и семејството.

Фото: Инстаграм/Александар Динев

Не ми се верува дека некогаш ми било срам да кажам дека сум дете од село.

Денес… тоа е една од работите на кои сум најгорд.

Пораснав во Село Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете се валкаат од работа, а срцето се полни од едноставни работи. Чист воздух, природа, животни, фамилија… работи што како дете ги земав здраво за готово.

Дури кога заминав, сфатив колку вредат.

На 18 години направив храбар чекор и се преселив во Скопје. Град што ми даде можности, искуства, нови луѓе и простор да растам како личност. Тука научив многу работи. Научив да сонувам поголемо, да грешам, да се борам и да станувам повторно.

Но колку повеќе време поминува… толку повеќе ми фали дома.

Затоа што колку и да одиш напред во животот, има едно место што секогаш останува дел од тебе. Местото од каде што почнува твојата приказна.

Денес повторно бев на нива со моите. Собиравме зелка, се смеевме, работевме заедно… и си помислив нешто.

Ако доаѓаш од мало место, тоа не значи дека си ограничен.

Напротив.

Тоа значи дека си пораснал со вредности што не се учат во книги…работа, трпение, благодарност и љубов кон семејството.

И колку и да одам напред… никогаш нема да заборавам од каде доаѓам.

Затоа што токму таму почнува мојата приказна.

И токму таму секогаш ќе биде мојот дом“, напиша динев.

Фото: Инстаграм/Александар Динев

Слични објави

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо

Северина за 12-годишната битка за старателство: „Од судењата ги паметам само зборовите на моите адвокати“

Еспресо
Се вчитува....