0.8 C
Скопје
09:25 - 22 декември, 2024

Неда Украден за најтешкиот момент во животот: „Тоа беше последен пат кога влегов во мојот стан“

Неда Украден, иако денес гордо ги носи своите години и изгледа како животот да ја разгалил и дека сè и било мед и млеко, во едно интервју се присети на можеби најлошиот момент во животот кога останала без се што имала во родниот град Сараево, кога се случи војната. Дури и кога се сеќава на тие денови, солзи и течат по лицето, а сите во студиото не останаа имуни на оваа приказна, пренесува српски Пинк.

– Се сеќавам на тој ден. Купив авионска карта Стохлом – Белград – Сараево. Тоа е лет кој тргнува од Стохлом рано наутро, попладне сме во Белград, а потоа навечер за Сараево. Беше 1 април. Пристигнувам на аеродромот во Белград, стигнува информација дека летот се откажува за еден час. После тоа, летот постојано се одложува и потоа велат дека летот е преместен за Сараево за утрото. Му се јавувам на татко ми, а ние живеевме многу блиску до аеродромот, буквално кога ќе слета авионот имаш чувство дека ќе ти влезе дома низ прозорецот – вели Неда и продолжува:

– Му велам „Тато, што се случува, магла ли има?“, бидејќи ни рекоа дека летот се преместува, поради временските услови. Ми вели дека времето е совршено добро, дека нема снег ни ветер, а ми вели дека не е поради времето. Јас тогаш престојував во Белград, имав стан овде, го купив во 1987 година и беше полунаместен, само да се преспие. Утрото пред зори одам на аеродром, кога таму луѓето се тепаат за билети, огромна гужва, се шушка за некакви барикади, снајперисти. Јас не знаев, не верував многу бидејќи имаше голема паника. И летот повторно беше откажан. Му се јавувам на татко ми и ми вели „Нешто се случува овде“, ги замолувам да се качат во авионот и да дојдат во Белград, но татко ми не сакаше ни да чуе,  вели дека нема да излезе од дома. Едвај ги молев мајка ми и сестра ми да дојдат на 6-ти април иако ми беа лути. Е, тоа беше мојот последен влез во мојот стан, кој го заклучив на 7 март и оттогаш никогаш повеќе не сум влегла во мојот стан. Да ми кажеше некој дека до толку ќе се смени реалноста… Се што стекбавме беше опустошено, одземено, разнесено. Но, омразата, одгласите на сето тоа, не можев да верувам ни во соништата. До вчера се радувавме, живеевме фантастичен живот што така лесно се распадна, – изјави пејачката во емисијата „Викенд јутро“ со Јована Јеремиќ.

(Фото) Невидена фотографија од Цеца и нејзината сестра: Не сте ги виделе во вакво издание

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....