13:04 - 27 ноември, 2026

„Не сме добредојдени во сопствената земја!“: Драган Бјелогрлиќ со шокантна изјава за српските колеги од „Свадба“

Драган Бјелогрлиќ, кој има една од главните улоги во филмот „Свадба“, открива дека тој и неколку негови колеги од Србија, кои учествуваат во проектот, со години се соочуваат со забрана за работа во сопствената земја. Како што посочува, тие се наоѓаат на таканаречена „црна листа“, поради што во изминатиот период им било оневозможено да снимаат во Србија. Токму поради тоа, филмот што, според него, „е наменет за целиот регион“, бил реализиран во Хрватска.

„Најголемиот предизвик беше токму тоа што значителен дел од актерската екипа од Србија, која игра во овој филм, со години нема можност да работи дома. Фактички сме забранети. Затоа заминавме во Хрватска и заедно со тамошните колеги направивме филм што ќе допре до публиката низ целиот регион – нешто што денес, за жал, во Србија не ни е дозволено“, изјави Бјелогрлиќ.

Досегашниот прием на „Свадба“ ја потврдува неговата теза дека станува збор за регионален филм. Во Србија, каде што дистрибуцијата започна на 29 јануари, пред киносалите се формираат долги редици, додека во Хрватска филмот веќе бележи рекордна гледаност. Македонската премиера е закажана за четврток, на 5 февруари.

Приказната го следи животот на успешен хрватски бизнисмен кој на својот роденден дознава дека се соочува со финансиски колапс. Во ист момент открива дека неговата ќерка, која студира во Лондон, е бремена и чека дете со српски министер – ситуација што отвора лавина од политички, општествени и семејни компликации. Преку хумор и емоција, филмот проговорува за семејните односи, идентитетот, љубовта и лојалноста.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....