11.8 C
Скопје
22:38 - 13 април, 2026

Не сите лидери на држави се поканети на крунисувањето на Чарлс Трети: Еве кои не се на листата

Велика Британија не испратила покани за крунисувањето на кралот Чарлс Трети до лидерите на некои земји, вклучувајќи ги Русија и Белорусија, пишуваат руските медиуми.

Според Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор, Британија не ги поканила претставниците на Русија, Белорусија, Венецуела, Авганистан, Иран и Сирија на крунисувањето на кралот Чарлс Трети.

Всушност, поканети се шефовите на сите држави со кои кралството има дипломатски односи, како и претставниците на британските прекуморски територии. Во случајот со Северна Кореја и Никарагва, според изворот, покани биле упатени до високи дипломати.

Да потсетиме дека крунисувањето на 74-годишниот Чарлс Трети ќе се одржи во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај, осум месеци по смртта на неговата мајка Елизабета Втора. Бакингемската палата претходно објави дека на настанот се поканети повеќе од 2.000 луѓе од 203 земји.

Слични објави

Џастин Бибер направи хаос на „Коачела“ – за 10 милиони долари пушташе музика на лаптоп!

Т.Ц.

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

apostolova

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ во романтична велигденска идила: Пловат со брод и разменуваат нежности

Еспресо

Данијела Мартиновиќ ја отвори душата: „Животот нè учи да го препознаеме она што е важно“

Т.Ц.

(Фото) Драгана Мирковиќ во „мустанг“ од 85.000 евра ужива на висока нога во срцето на пустината во Невада

Т.Ц.

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо
Се вчитува....