8.8 C
Скопје
11:36 - 1 април, 2026

Не го памети татко му: Панчо еднаш раскажа како го загубил и колку тешко живеел како дете

Тешко детство имал Владимир Блажев-Панчо, кој пораснал без татко, а тој починал од лоша болест исто како и мајка му.

– Јас него не го ни памтам да ти кажам искрено. Татко ми почина од леукемија, мајка ми ми беше и мајка и татко и Господ, сѐ заедно.

Немаш закрила и заштита, друго е кога ќе кажеш: „Сега ќе те кажам јас на татко ми, а јас велев: Ќе те кажам на мајка ми“.

Сме немале пари, ама мајка ми наоѓала начини, земала од лихвари, позајмувала од другари, пријатели, па враќала, за да ми угоди мене“, рече во една прилика Владимир Блажев – Панчо во поткастот „Без лимит“ кој го водеа Стефан Лазаров и покојниот новинар Зоран Василевски познат како Зоки Фаци.

– Единствено што ми е многу жал што не дочека да ѝ вратам и да ѝ овозожам за тоа што таа го направила. Таман почнавме да се развиваме добро, таа фати канцер на матка.

И кога велат дека времето лечи се… Да, можеби малку помалку те боли ама секогаш ти фали. И знам и често да заплачам.

Имам проблем, јас се занимавам со анксиозност, таа ми е најдобар другар. Со психологот мој кога разговарам… И знаеш тие се такви некои комплекси, зашто те спречило нешто, а не си ти крив.

Ден-денес си правам дневник, си запишувам во тефтер да не стои тоа во мене“, рече Панчо за советот кој го добил од психологот.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....