10.8 C
Скопје
12:11 - 30 март, 2026

Навреди: Пред да биде суспендиран од Твитер, Канје Вест ја обвини Ким Кардашијан дека го изневерува со НБА кошаркар

ким кардашијан канје вест донда

Канје Вест се уште нема мир: непосредно пред да биде суспендиран на Твитер ја обвини поранешната сопруга Ким Кардашијан дека го изневерува со НБА кошаркарот Крис Пол.

Многу набрзо, извор близок до Ким за списанието Page Six изјавил дека информациите на Вест се лага и уште една во низата обиди да ја оцрни поранешната сопруга.

– Почнува да ја напаѓа откако ќе направи нешто лудо и ќе каже навредливи работи. Тој се обидува да го оттргне вниманието на јавноста од фактот дека се однесува крајно несоодветно, вели изворот.

– Тој има историја на лажно обвинување дека таа имала афери со Мик Мил, Дрејк, Тристан и безброј други, продолжува изворот.

Канје неодамна беше гостин на „InfoWars“, чиј водител беше теоретичарот на заговор Алекс Џонс, каде што рече дека им се восхитува на нацистите. После тоа му беше укинат пристапот до Твитер.

Крис Пол е во брак со Џејда Кроули од 2011 година. Тие го имаат синот Кристофер (13) и ќерката Камрин (10). Кошаркарот, а и неговиот претставник за медиуми, се уште не се огласиле на навредите на Вест.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....