5.8 C
Скопје
02:15 - 1 април, 2026

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

Преку користење на старогрчкиот метод за пресметување, наречен златен размер (golden ratio), Џоди Комер е прогласена за најубава жена на светот. Земајќи предвид бројни фактори, колку лицето е поблиску до соодносот 1:1,618, толку личноста е посовршена.

Според размерот, очите, веѓите, носот, усните, брадата, вилицата и обликот на лицето на Комер се најблиску до идеалните мерки со резултат од 94,52 проценти.

Актерката од „Killing Eve“ се соочила со „сериозна“ конкуренција на убавици како Зендаја, Бела Хадид и Бијонсе кои исто така биле блиску до совршената оценка.

Списокот на убави жени според научната формула го креираше естетскиот хирург за лице д-р Џулијан Де Силва, кој  раководи со Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето користејќи техники за мапирање со помош на компјутер.

„Џоди Комер беше очигледна победничка кога сите црти на лицето беа измерени за „физичко совршенство“, како што беше утврдено со познатиот сооднос. Таа имаше највисок вкупен резултат за позиционирањето на носот и усните… Џоди исто така постигна највисоки резултати за ширината и должината на носот и беше блиску до врвот за обликот на усните и положбата на очите. Нејзината брада е прекрасно обликувана и целокупната форма на нејзиното лице е навистина маркантна. Единствениот елемент за кој беше помалку оценета беа веѓите, за кои постигна просечен резултат од 88 проценти“, сподели докторот.

Втора на листата е Зендаја, Хадид падна на третото место, додека поп-ѕвездата Бијонсе заврши на четвртото место.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....