06:45 - 5 ноември, 2024

НАТАЛИ ВУД БИЛА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАНА ОД КИРК ДАГЛАС: Сестрата на актерката го шокираше светот

кирк даглас, натали вуд

Сестрата на покојната холивудска актерка Натали Вуд, Лана Вуд, во своите мемоари тврди дека Натали била сексуално злоставувана од актерот Кирк Даглас, пренесува „The Guardian“.

Претходно во Холивуд кружеа гласини дека холивудскиот актер ја злоставувал Натали. Лана во својата нова книга зборува за наводното злосторство и го обвини Кирк Даглас.

Се сеќавам дека Натали изгледаше особено убаво кога мама и јас ја оставивме таа вечер на влезот во ‘Chateau Marmont’“, пишува Лана Вуд во книгата, истакнувајќи дека инцидентот се случил летото 1955 година, околу времето кога Натали Вуд го снимала филмот „The Searchers“.

„Изгледаше како да поминало долго време пред Натали да влезе во автомобилот. Ме разбуди кога ја тресна вратата. Изгледаше ужасно. Беше многу разбушавена и вознемирена, а таа и мајка ми почнаа да си шепотат. Не можев да ги слушнам, ниту да разберам што зборуваат. Нешто лошо ѝ се случило на сестра ми, но што и да беше, очигледно бев премногу млада за да ми кажат за тоа“, пишува помладата сестра на актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alfonso (@alfonsostagno)

Лана тврди дека Натали не разговарала со неа за тоа што се случило додека и двете не станале возрасни.

„Ме повреди, Лана. Тоа беше како вонтелесно искуство. Бев преплашена, бев збунета“, се сеќава Лана на зборовите на нејзината сестра. Лана, која тогаш имала осум години, вели дека нејзината сестра и мајка се согласиле да не излегуваат во јавноста со приказната. Тие чувствувале дека ништо нема да му се случи, додека нејзината кариера пак, би била уништена.

Во својата книга, Лана се сеќава дека ѝ ветила на нејзината сестра дека нема да зборува за тоа што се случило со Даглас, но сега верува дека може да ја каже целата приказна.

„Со оглед на тоа што никој што би требало да го заштитам не е веќе жив, сигурна сум дека ќе ми простат што конечно го прекршив тоа ветување“, пишува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by In Touch Weekly (@intouchweekly)

Да потсетиме, Натали Вуд исчезнала од нејзината јахта „Splendour“ ноќта на 29 ноември 1981 година, додека била на турнеја на островот Каталина со нејзиниот сопруг Роберт Вагнер и нивниот пријател Кристофер Вокен. Трагичното давење на филмската ѕвезда ја потресе Америка и целиот свет, а она што првично се веруваше дека станува збор за случајно давење со текот на времето беше доведено во прашање. Во 2011 година, истрагата беше повторно отворена. Во 2018 година, на повик на јавноста, случајот беше преквалификуван како „сомнителен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie wood (@natalie_woood)

Кирк Даглас во времето на наводниот напад бил познат по филмовите како „Spartacus“, „Paths of Glory“ и дурги. Самиот Даглас еднаш призна дека е женкар и неверен сопруг.

Зборувајќи за „Associated Press“ во декември 2016 година, помалку од една година пред да се појави движењето #MeToo, актерката и танчерка Нил Адамс проговори за Даглас. „Не можеше да седнеш до него без неговата рака да ти се лизга по ногата“, рече таа во тоа време.

Слични објави

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо

Хана Хуљиќ ја напушти болницата: Сè се одвивало во тајност, мајката и бебето се чувствуваат одлично

Еспресо

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Еспресо

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Еспресо

Александра Пријовиќ заврши во болница: Морала да прима специјални лекови од Америка

Еспресо
Се вчитува....