04:49 - 19 август, 2026

Наскоро ќе стане баба, и никој не би ѝ ги дал годините: Билјана Дебарлиева денес слави роденден

Билјана Дебарлиева денес слави роденден, а според изгледот на убавата ТВ презентерка и водителка никој не би ѝ ги дал годините.

Имено, Билјана денес полни 53 години, а она што ја одбележува долги години е одмереноста, стилот, елеганцијата и младешкиот изглед. При крајот на ноември, се омажи нејзината постара ќерка Ана.

-Си добив уште еден син, напиша на Фејсбук тогаш Јован Дебарлиев, нејзиниот сопруг, по венчавката на нивната ќерка. Ана се омажи за Стефан Бошковски, а на фотографиите може да се забележи дека младите имале убава забава со најблиските.

Дебарлиева изгледа шик на фотографиите од венчавката. Таа избрала широки панталони со палто кои одлично ѝ стојат, а невестата е облечена во тесен бел фустан.  Дебарлиева изгледа шик на фотографиите од венчавката. Таа избрала широки панталони со палто кои одлично ѝ стојат, а невестата е облечена во тесен бел фустан.

Билјана и Јован Дебарлиева со синот Мики, ќерката Ана и зетот Стефан, на нивната венчавка Фото / Фејсбук

Неодамна, таа во интервју за „Хајп ТВ“ раскажа дека со сопругот Јован оваа година слави 31 година брак и новинарот ја праша дали во бракот имала голема криза.

-Не, голема сериозна криза, не. Во секој брак има и убави, и малку тешки моменти, но мораш заеднички со партнерот да го надминуваш тоа, да ја бараш средината Не знам колку денешниве млади можат да ја најдат таа средина.

Сопругот е Јован, ниту тој ниту јас не сме љубоморни.и веројатно тоа е уште една дополнителна нишка која што ни овозможлила бракот да ни функционира толку годии. Секаде можел да оди каде птои ака, без јас да го потпрашува, каде оди“, рече Дебарлиева.

 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....