6.8 C
Скопје
04:36 - 30 март, 2026

Најубави цитати од Жарко Лаушевиќ: „Не е ова лошо време, ова сме лоши ние…“

На 63-годишна возраст денеска почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ.

На почетокот на октомври тој за прв пат се појави во јавноста по третманот. Беше забележливо послаб по исцрпувачките терапии, но Жарко најде сила да дојде на премиера, а насмевката на неговото лице делуваше смирувачко. Но, тоа пак, донесе солзи кај многумина од публиката. Од друга страна, го следеа загрижените погледи на колегите.

Лаушевиќ беше хоспитализиран пред неколку месеци поради сериозни здравствени проблеми. Во медиумите и јавноста се појави вест дека дијагнозата е застрашувачка – рак на белите дробови. И денеска ја загуби битката со оваа болест.

Ве потсетуваме на некои од најубавите цитати на славниот глумец.

„Ниедна болка не сум ја сакал како тебе“.

„Не е ова лошо време, ова сме лоши ние. Ние сме тие на кои животот ни минува сајаќи погрешни и газејќи ги оние вистинските“.

„Човекот е многу добар адвокат за своите грешки и многу добар судија за туѓите“.

„Ако најтешкото е вечерва, утре може да биде само подобро“.

„Малата надеж носи голема среќа. Додека големата надеж носи големо разочарување“.

„Годината минува, денот никогаш“.

„Најди срце кое ќе те сака кога си најлош и раце кои ќе те чуваат кога си најслаб“.

„Сите лаги, сите пакости, сите неволји на овој свет доаѓаат од сомнежот. Да нема сомнеж не би имало толку зло“.

„Секој зборува со својата тишина, а тишината сешто кажува“.

„Во добри времиња, сите се тука, а кога доаѓаат тешки времиња, сите се кријат. Очигледно, не сакаат да го носат товарот на другите што не им се плаќа“.

„И Пандорината кутија не е ништо во споредба со целото зло кое се крие во луѓето“.

СИте ние патувамаме со сништата. сите сме патници на автопатот на животот. скитници на патот на копнежот. бездомници во домот на љубовта. борци во војната на тагата. избубени бараме. несфатени размираме. несакани сакаме.несигурни се надеваме. и сите сме исти. и сите сме различни.

„Моето молчење не значи дека јас не знам што зборуваат луѓето зад мојот грб. Моето молчење е само знак дека тие не заслужуваат коментар.“

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....