20:19 - 13 ноември, 2026

Најубавата жена во мојот живот: Дарко Илиевски емотивно за сопругата

Македонскиот пејач Дарко Илиевски, кој веќе подолго време со своето семејство живее во Флорида, јавно ѝ го честиташе роденденот на сопругата Ивана со емотивна порака која ги разнежни нивните следбеници на социјалните мрежи.

Дарко објави романтична фотографија како ѝ ја бакнува раката на Ивана и уште некоколку семејни и напиша:

„Среќен роденден на најубавата жена во мојот живот. Ти благодарам за твојата љубов, поддршка, трпение и за тоа што секој ден го правиш подобар само со тоа што си дел од него. Благодарен сум за секој момент што го споделуваме заедно и за семејството и животот што ги градиме. Ти посакувам среќа, здравје, љубов и сѐ што те прави насмеана. Го заслужуваш целиот свет. Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да објаснат. Среќен роденден, љубов моја.“

Фото/Инстаграм

Објавата за кратко време собра бројни лајкови, честитки и коментари од пријатели и следбеници, кои им посакаа уште многу заеднички моменти исполнети со љубов и хармонија.

Иако веќе живеат во Флорида, Дарко и понатаму останува поврзан со македонската публика, а преку социјалните мрежи често споделува детали од приватниот и семејниот живот со Ивана и нивните две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko)

Слични објави

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо
Се вчитува....