05:45 - 14 ноември, 2026

(Фото) Детето во мене не расте: Лила на водени лудории во Бодрум

Лила Филиповска уште еднаш докажа дека знае како да ужива во животот и да ги полни батериите на најубавите дестинации. Овој пат, таа заедно со својата блиска пријателка замина на луксузен одмор во познатото турско одморалиште Бодрум.

Дека престојот таму им е исполнет со многу забава и адреналин, докажува и најновото видео кое  Лила го сподели со своите бројни следбеници на социјалните мрежи.

На фотографиите, Лила и нејзината пријателка позираат во разладувачките базени во луксузен комплекс кој е препознатлив по тоа што го поседува еден од најголемите и најпрекрасните тематски и аква-паркови во овој дел од Европа.

Позади нив се издигаат шарените и бајковити кули на паркот, кои потсетуваат на сцени од омилените цртани филмови, а двете дами изгледаат прекрасно во елегантни црни едноделни костими за капење.

„Кога детето во тебе никогаш не расте, твоето срце останува чисто, полно со насмевки и соништа“, напиша лила.

Бодрум е познат како дестинација за светскиот џет-сет, а Лила, која секогаш важи за синоним за стил кај нас, совршено се вклопува во тој амбиент. Покрај релаксацијата на плажите и покрај базените, водителката покажа дека не пропушта прилика за добра забава.

Фото/Инстаграм принтскрин

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....