3.8 C
Скопје
01:17 - 10 март, 2026

На Мис Универзум ѝ се слоши на парада: Убавицата ги поздравуваше сите, па наеднаш изгуби свест

Актуелната Мис Универзум 2025, Фатима Бош, предизвика загриженост кај присутните кога ненадејно се спушти на колена додека се возеше на парадна платформа на Фестивалот на овошјето и цвеќето во Амбато, Еквадор, објави „Пипл“.

Инцидентот се случил во неделата, на 15 февруари. Бош, облечена во светлозелена свечена тоалета, стоела на цветно украсена платформа и им поздравувала на насобраните граѓани.

Снимките што брзо се проширија на социјалните мрежи покажуваат дека таа се обидува да се задржи за оградата зад себе, по што клекнува. Од толпата се слушаат вознемирени реакции, а една жена веднаш се искачува за да ѝ помогне. Според очевидци, Бош била свесна и разговарала со лицето што ѝ притекло на помош.

Од организацијата Мис Универзум информираа дека станува збор за краткотрајна вртоглавица по повеќечасовен ангажман на отворено во рамки на фестивалската парада.

„Од претпазливост, веднаш ѝ беше укажана помош од нејзиниот тим и од локалните медицински служби. Таа остана свесна, беше прегледана и закрепна за кратко време. Распоредот ѝ е прилагоден за да има доволно одмор и хидратација. Се чувствува добро и изрази благодарност за топлиот прием во Еквадор“, се наведува во соопштението.

Од таму дополнуваат дека здравјето и безбедноста на носителките на титулата се приоритет, особено во периодот на меѓународната турнеја што Бош моментално ја реализира, а која вклучува културни, хуманитарни и општествени активности во повеќе држави.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....