-0.2 C
Скопје
18:45 - 22 декември, 2024

На еспресо со Срѓан Динчиќ, српски комичар и водител: Политичката сцена во регионот е за хумор како нафтен бунар во Емиратите

За српскиот глумец и водител Срѓан Динчиќ, стенд-ап комедијата никогаш не била алатка за стекнување популарност, тука за него тоа е начин на комуникација, истражување, начин на кој го гледа светот, а публиката тоа го препознава.

Кој мисли дека публиката не се смее зашто не ја разбира неговата генијалност, пак тој ќе си тера по свое, не се задржува предолго во стенд-ап комедијата. Фото – Алекс Дмитровиќ

На 22 октомври во „Кино Фросина“ во Младинскиот културен центар со почеток во 20.30 часот, македонската публика ќе има можност премиерно во Скопје да го гледа стенд-ап настапот на популарниот српски глумец и водител Срѓан Динчиќ, со наслов „Во процес“. Во ова стендап-шоу, еден од најдобрите комичари на Балканот ќе нѐ води низ неговите животни ситуации преку сопствениот специфичен поглед на светот, работи што на многумина од нас ни се случиле, но тогаш не ни биле смешни. Можеби е време да ги погледнеме сите проблеми на поинаков начин, а Динчиќ е подготвен така и да ни ги предочи.

Важите за најпопуларен стенд-ап комичар во регионот. Дали беше тешко да се добие таа позиција, имајќи ги предвид секојдневните инспирации што ги имаме посебно на политичката сцена?

– Стенд-ап комедијата за мене никогаш не била алат за стекнување популарност, таа за мене е начин на комуникација, истражување, начин на кој го гледам светот, и мислам дека публиката тоа го препознава. Стенд-ап е форма во која не поминува фолирање и неискреност.
Политичката сцена во овој наш регион е за хумор и сатира како бунар за нафта во Арапските Емирати.

Имате „стабилна“ врска со публиката и затоа сте на врвот, но дали ви се случило публиката да не одговара на вашите приказни. Дали некогаш сте направиле погрешна проценка?

– Секако, се случувало понекогаш публиката да не го дели мислењето со мене дали нешто е смешно или не е, тогаш тој дел од настапот го преработувам, барам друг начин да го раскажам или потполно го исфрлам. Секогаш е грешката до изведувачот, никогаш не е до публиката. Кој мисли дека публиката не се смее зашто не ја разбира неговата генијалност, па тој ќе си тера по свое, тој не се задржува предолго во стенд-ап комедијата.

Фото – Алекс Дмитровиќ

Колку Вашите ангажмани како водител на ТВ-квизот „Столици“ или кај Иван Ивановиќ влијаеја врз Вашиот развој како стенд-ап комичар?

– Телевизиските ангажмани се секако корисни бидејќи промовираат препознатливост, што секако значи доколку се занимавате со било каква јавна работа. Емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ освен што помага стенд-ап комедијата да се појави во мејнстрим медиумите, мене лично ми помага и да го одржам мозокот во форма бидејќи секојдневно пишувам шеги и хумористични текстови за таа емисија.

Какви мирудии подготвувате за македонската публика, што да очекува?

– Долго не сум настапил во Македонија, од мојот последен настап сешто се случи, па така имам сешто да ви раскажам и едвај чекам.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....